Внимателно се следи состојбата и настаните во Белорусија, НАТО е подготвена да ги заштити своите сојузници, изјави денеска Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Тој додаде дека НАТО не претставува закана за Белорусија и не распоредува трупи во регионот.
„Остануваме внимателни, строго дефанзивни и подготвени да возвратиме на секоја агресија против НАТО сојузниците“,
посочи Столтенберг.
Во Белорусија од 9 август, кога се одржаа претседателските избори, на кои победи Александар Лукашенко се одржуваа протести на кои се повредени стотци луѓе од кои 120 полицајци, а еден демонстрант загина. Првите денови од протестите приведени се 6 700 лица.