На 17 септември продолжува судењето за предметот „Насилство во Центар“, поради промена на адвокатот на еден од обвинетите. На барање на адвокатот со цел да се запознае со предметот, судијата Душан Јосифов го одложи рочиштето, откако новиот бранител на обвинетиот Александар Трајковски побара дополнително време.
На денешното рочиште судијата го одби барањето на обвинетиот Миле Јанакиевски, поранешниот шеф на кабинет на Груевски, Мартин Протуѓер уште еднаш да биде сослушан во својство на сведок.
Во овој предмет инициран од поранешното СЈО, што сега се води од скопското Обвинителство, се обвинети повеќе лица, меѓу кој и поранешниот премиер Никола Груевски (моментално во бегство во Унгарија), поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова и други лица учесници во насилните протести пред Општина Центар во 2013 година.
Ова е прво рочиште што се одржува после судската ферија. Претходното беше на 24 февруари и беше одложено поради отсуство на техничкиот советник предложен од одбраната.
Ова е предмет со најдолго времетраење од сите предмети на СЈО, кој започна на 16 декември 2016 година. Но од лани предметот е вратен на почеток. Обвинението го застапува обвинителката Фатиме Фетаи.