Десетици илјади граѓани денеска излегоа на протест во Минск, продолжувајќи ја серијата демонстраџии на незадоволство од резултатите на претседателските избори пред една недела на кои победи актуелниот белоруски претседател Александар Лукашенко.

Противниците на Лукашенко денеска се собраа под мотото „Марш за слободата“, кој воедно е израз на незадоволството од полициската бруталност против демонстрантите изминатите денови.

Демонстрантите се собраа во близина на спомен-обележјето на херојот на градот од Втората Светска војна во центарот на градот носејќи црвено-бели знамиња симбол на опозицијата, давајќи поддршка на противничката на Лукашенко на изборите Светлана Тихановскаја, која замина во егзил во Литванија, откако по нејзината пријава до изборните органи за фалсификат помина седум часа во притвор.
На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледаат реки народ во центарот на Минск, со информација дека имало 200 000 демонстранти.
Неверагодная колькасць людзей❕❗️❕ pic.twitter.com/2BrTCTD9d7
— Белсат TV (@Belsat_TV) August 16, 2020
Истовремено со антивладините протести, во главниот град се одржаа и протести за поддршка на Лукашенко на кој пред помалата толпа се обрати самиот тој.

Тој ги повика приврзаниците да ја бранат својата земја и независноста. Нарекувајќи ги опозиционерите „стаорци“.
Лукашенко рече дека не сака митинзи и не му треба на никој да го брани и ги отфрли повиците за прегласување на претседателските избори, бидејќи како што рече Белорусија ќе „умре како држава“ ако тоа се случи.

„Дојдовте тука, така што за прв пат во четвртина век ќе можете да ја одбраните својата земја, својата независност, сопругите, сестрите и децата“,
рече тој, додавајќи дека доколку не биде задушена опозицијата, нејзините приврзаници ќе излезат како „стаорци од дупка“.
Според извештаите во медиумите, вработените во државниот сектор биле принудени да присуствуваат на денешниот собир за поддршка на Лукашенко, и добивал закани дека во спротивно ќе добијат откази.
Работниците во државните фабрики изминатите денови се беа дел од уличните маршеви против претседателот.
Протестите против Лукашенко започнаа откако тој врз онова на изборната комисија проглси победа со освоени над 80 отсто од гласовите, иако изборите наидоа на осуда и сомнежи заа фалсификат.
Тихановскаја тврди дека реалноста е дека таа добила поддршка од 60% до 70% од гласовите.
Министрите за надворешни работи на ЕУ се согласија да предложат санкции за белоруските претставници одговорни за фалсификување на изборите. И САД ги осудија изборите како нефер и неслободни.