Триесет и осумгодишниот Д.М. од Прилеп лажел негови сограѓани дека ќе им обезбеди виза за САД. Откако случајот е пријавен во полција, поднесени се кривични пријави против пријавениот.
Во февруари 2019, Д.М. остварил контакт со Г.С.(62) и му ветил дека може да му обезбеди визи за САД за неговата ќерка и нејзиниот партнер. Потоа, во неколку наврати Г.С. му дал 1600 евра на Д.М., но и по една година визите не им биле обезбедени, по што ги побарал парите назад.
Д.М. не му ги вратил парите, а кога му се јавувале на телефон, пријавениот упатувал закани.