Владата донесе одлука за измена во протоколите за вршење меѓуградски и меѓународен превоз на патници, со што наместо досегашното правило за исполнетост до 50 отсто, отсега во автобусите ќе може да се превезуваат патници до 75 отсто од вкупниот капацитет на возилата.
Владината одлука, како што соопшти прес-службата е на предлог на Комисијата за заразни болести.
Туристичките работници досега во неколку наврати бараа од Владата да го смени протоколот за превоз на патници и наместо со половина, да возат со полн капацитет.