Во болничките капацитети низ земјава се сместени вкупно 389 пациенти со ковид-19, од кои еден се води како суспектен.
Според последните податоци на Министерството за здравство, на Инфективната клиника во Скопје во изминативе 24 часа примени се пет нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 25 пациенти, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и четири деца позитивни на вирусот, и еден пациент суспектен на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, вкупно хоспитализирани се 86 пациенти. На респираторна машина се шест пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 127 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Вкупната бројка на регистрирани ковид-пациенти во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 12 083, бројката на оздравени пациенти е 8 248, на починати е 529, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3 306.