Според последните статистики на Министерството за здравство во последните 24 часа регистрирани се најмногу случаи на ковид во Скопје, Штип и Кичево.
Од 1885 тестирања во последното деноноќие потврдени се 141 случај на нивно на целата земја.
Од нив во Скопје се 39, со што бројката на дијагностицирани во главниот град се искачи на 5 207, а во моментов активни случаи има вкупно 1 157. Во Штип се регистрирани 23 нови случаи, односно во овој град досега има 988 дијагностицирани или 342 активни.
Во Кичево во последниве 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на ковид што е и највисока бројка за овој град регистрирана за едно деноноќие. Во Кичево досега се дијагностицирани 219, а активни има 133 ковид-случаи.
Во денешната статистика на оздравени пациенти од вкупно 161, 60 се од Скопје, а петмина од Кичево. Во Штип денеска нема регистрирано оздравени.
Целосната статистика по градови може да се види тука.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12 083, бројката на оздравени пациенти е 8 248, на починати е 529, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3 306.