Министерството за здравство испрати корекција на бројот на оздравени пациенти во последниот дневен статистички извештај. Наместо 45 како што првично беше објавено, оздравени се 42 лица.
„Точниот број е 42, не 45. Распоредот по градови на оздравените лица е коректен“,
велат од Министерството за здравство.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11839, бројката на оздравени пациенти е 7664, на починати е 527, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3648.