Лидерот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес-конференција не сакаше директно да одговори дали останува на ставот дека ДУИ треба да оди во опозиција, укажувајќи дека е разумен политичар и човек и е свесен за тоа дека граѓаните преку гласањето ги одредуваат правците и очекувањата.
„ Коалицијата предводена од СДСМ може да формира Влада и со ДУИ и со коалицијата на Алијанса и Алтернатива. Тоа зависи од отстранувањето на национализмите, зависи од цело едно поглавје за прочистување на правосудството, проверка на имотот, капиталот на секој политичар и функцинер кој што ќе биде избран. Важен ќе биде кадровскиот потенцијал. Ќе ги разгледаме сите можност, добро ќе извагаме и на крајот ќе ја донесеме одлуката. Сите опции се отворени“,
изјави лидерот на СДСМ.
Тој вели дека на државата и е потребна стабилна Влада која ќе има обезбеден четиригодишен мандат, која со својата стабилност ќе им упати јасна порака на граѓаните, но и на стопанството, за економијата да има предвидливост.
„Тие треба да знаат дека новата Влада ќе биде за четири години. Јас сум убеден ќе создадеме Владата која ќе ги поседува сите атрибути за тоа да го обезбеди“,
подвлече Заев