Иранската телевизија, како што пренесува Ројтерс, објавува дека во оваа земја, на секој седум минути, од ковид-19 умира по еден човек.
Според портпаролката на иранското министерство за здравство, Симат Садат Лара, во Иран досега се починати 17 405 лица, а бројот на заразени е 312 035.
Во последните 24 часа, битката со коронавирусот ја изгубиле 215 лица.
Британскиот јавен сервис БиБиСи, до кого дошле податоци од неименувани извори, отворено изрази сомнеж во официјалните бројки кои ги објавуваат властите во Техеран. Тие располагаат со информации дека бројот на заразени во Иран е два пати поголем од тој што се прикажува а на починати, дури три пати од официјалните бројки.
„Податоците кои ни беа доставени од извори во иранската влада покажуваат дека од ковид-19, заклучно со 20 јули бројот на починати е речиси 42 000 а официјалната бројка која се соопштува од министерството за здравство е 14 405. Исто така, бројот на заразени до 20 јули не е 278 287 туку 451 024 лица. Првиот случај е регистран на 22 јануари, а јавноста е информирана дека коронавирусот прв пат е забележан дури еден месец подоцна,
И според податоците на иранските власти, но и според оние на БиБиСи, Иран најтешко погодената земја на Блискиот исток од коронавирусот.