Најмалку 45 полицајци се повредени на протестите што се одржаа во Берлин против рестрикциите за ковид-19.
Германската полиција соопшти дека тројца од повредените полициски службеници завршиле во билница, а упасени се 130 демонстранти.
На протестот во саботата во Берлин излегоа околу 20 000 луѓе и покрај новиот бран на заболени во земјата.
Демонстрантите носеа плакати со пароли „Корона, лажна тревога“ и „Принудени сме да носиме муцки“ и „Природна одбрана наместо вакцинација“.
Просутните извикуваа дека нема да дозволат одземање на нивната слобода. За брзо, нивниот протест беше прекинат поради непочитување на мерките за спречување на ширењето на врусот.
Градоначалникот Михаел Милер упати критики до граѓаните што протестираа, посочувајќи дека со тоа го ризикуваат своето и здравјето на другите луѓе.
Тој додаде дека сè уште нема вакцина или ефикасно лекување и дека пандемијата не е завршена.