Прославата на Илинден годинава ќе се одвива според посебни протоколи за заштита од ковид-19
Денот на Републиката, 2 Aвгуст (недела), е неработен ден за сите граѓани, а согласно Законот за празници на РМ неработен е и 3 август (понеделник), соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Од Министерството на сите граѓани им го честитаат Денот на Републиката.
2 Август, на кој се празнуваат двата историски илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, оваа година поради епидемијата ќе биде одбележан без масовни собири и културно-уметнички програми и со здравствени протоколи за заштита од ковид-19, утврдени од Комисијата за заразни болести.