Речиси еден час од закажаниот термин, конечно во судницата се присутни сите три обвинети лица во случајот „Рекет“. Катица Јанева и Зоран Милевски-Кичеец беа спроведени од домашен притвор на време, но од засега непознати причини речиси цел час доцнеше спроводот на Бојан Јовановски од притворското одделение во затворот во Шутка.
На време во судницата дојде и обвинителката Вилма Русковска. Се чека и официјален старт на рочиштето, откако се комплетираше присуството на сите странки во постапката.
Меѓу јавноста присутен е и синот на Катица Јанева, Лазар Јанев.
Повеќе детали за стартот на судењето, обвинението, судијката која го води рочиштето и делата што им се ставаат на товар на обвинетите можете да прочитате ТУКА.