Група анонимни хакери преку „Твитер“ најавија напад на извршители, откако беше урната интернет-страницата на Министерството за здравство.
Следниот таргет, „анонимусите“ го најавија преку објави на твитер налогот со име „AnonOpsMKD“.
„И немојте утре да се правдате дека сте правеле истрага и затоа биле паднати сајтовите, немојте повеќе да лажете, срамно е! Извршители – убијци – вие сте на ред, спремете се. п.с: Немојте да ни кажувате како функционира анонимус, не бидете идиоти“,
пишуваат во објавата.
Во друг „твит“ објавен во исто време тие се осврнуваат на нападот на Министерството за здравство и велат дека не го загрозиле имејл-серверот ниту пак го изгласиле сајтот, туку само екстрахирале меилови.
„Здраво на сите, едно мало известување за вчерашниот напад. МкдОпс ВО НИТУ ЕДЕН МОМЕНТ не го загрози имејл серверот на здравство, само направивме екстракт на мејловите. Сајтовите, и имејл серверот СЕ ИЗГАСЕНИ од страна на шалабајзерите што се систем админи во тие министерства“,
наведуваат хакерите.

Од Министерството денеска излегоа со кратко соопштение дека се истражува што се случило и ги упатија медиумите да комуницираат преку привремена е-адреса.