Болница во францускиот град Лион тестира нов апарат кој е во состојба, со анализирање на здивот на пациентот, за само неколку секунди да открие дали има коронавирус.
Во тек е втората фаза на тестирање на овој апарат и за разлика од стандардниот ПСР тест, овој метод на тестирање не е инвазивен и веднаш го покажува резултатот.
Објаснувајќи дека апаратот работи на принцип сличен на оној на кој се заснова класичниот тест за алкохол, првиот човек на истражувачкиот тим рече дека уредот открива молекули во здивот на субјектот на тестот кои укажуваат на присуство на коронавирус во организмот.