Стариот пријател на Македонија – францускиот дипломат Ален Ле Роа, кој беше специјален претставник на Европска унија во постконфликтниот период во земјава е дел од групата Охрид, истакнати меѓународни претставници, кои историски имале допир со Македонија, а сега сакаат повторно да помогнат во остварувањето на целта за членство во НАТО и ЕУ.
Ле Роа во интервју за „360 Степени“ зборуваше за за формирањето на групата и нејзината цел, како и неговото видување на изгледите на Македонија за добивање брза покана за членство во НАТО, како и за тоа кога би можело да напредува кон Европската Унија, пораките од Русија и други теми.
– И помогнавме на Македонија за време на кризата и сакаме да имаме можност да и помогнеме на Македонија и денес, колку што е потребно за властите во Македонија, но и за сите други, мнозинството, опозицијата и другите. Сите ние имаме контакти во ЕУ, во ОН и се разбира во Грција и сакаме да ги искористиме тие контакти за да и помогнеме на Македонија да ги надмине предизвиците со кои се соочува денес. Нема да има формален дијалог со Грција, затоа што ние немаме мандат да преговараме за решение со Грција, но сите ние имаме пријатели и контакти во Грција и целта на групата е да и помогнеме на Македонија брзо да влезе во НАТО и во ЕУ. За таа цел, се разбира, многу е важно прашањето за името. Примарно, тоа е задача за македонските и грчките власти, но ако ние можеме да помогнеме со нашите контакти, тогаш ќе ги искористиме – рече Ле Роа.
Тој појасни дека групата не е ангажирана од македонската влада, туку иницијативата потекнува од самите нив, со цел да помогнат.
Напишете коментар