ВМРО-ДПМНЕ со новите статутарни измени ја укинува функцијата „почесен претседател“.
На оваа функција беше назначен Никола Груевски откако си замина од лидерското место во партијата, а претходно за почесен претседател беше назначен и Љубчо Георгиевски.
„Во однос на почесни членови и почесни претседатели овој статут на ВМРО-ДПМНЕ такво нешто не предвидува односно ниту Никола Груевски, ниту било кој друг поранешен почесен претседател повеќе согласно овој статут не се почесни претседатели. Такво нешто статутот не предвидува“,
изјави на вечерашната прес-конференицја претседателот на статутарната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, Панче Тошковски.
Со одлуката за статутарни измени која вечерва ја донесе Централниот комитет, ВМРО-ДПМНЕ, меѓу другото, го ограничи мандатот на претседателот на партијата и на функционерите во сите партиски тела и органи.
Освен одлука за статутарни измени, Централниот комитет го овласти лидерот на партијата Христијан Мицкоски да преговара за состав на ново парламентарно мнозинство.