Жестока расправа денеска прерасна во масовна тепачка во тајванскиот парламент, третпат за 15 дена, а некои пратеници ги нападнаа политичките противници со балони со вода.
Физичките напади не им се непознати на тајванските пратеници, а последните две недели беа особено бурни за време на дебатата за назначување иден шеф на агенцијата за надзор на владата.
Физички пресметки се случија и кога се дискутираше за реформите и намалувањето на пензиите пред четири години, во време кога претседателката Цаи Инг-вен ја презеде функцијата.
VIDEO: Punches and water balloons thrown in Taiwan parliament melee over the nomination of a new head for top government watchdog pic.twitter.com/66s8dsKCpr
— AFP news agency (@AFP) July 17, 2020
Пратеник од владејачката Демократска напредна партија (ДПП) удри со тупаница колега од опозициската Куоминтанг (КМТ).
Подоцна, пратениците од КМТ одговорија на нападите на колегите од ДПП со балони со вода, поради што морале да облечат кабаници и да се штитат со големи картонски паноа.
ДПП, која има мнозинство во парламентот, ја предложи на чело на агенцијата 70-годишната Чен Чу, позната активистка за човекови права, која помина шест години во затвор во времето на владеењето на КМТ.