Според неофицијалните првични резултати од електронскиот внес на Државната изборна комисија, СДСМ и коалицијата водат по пребројани 90 отсто од избирачките места (3 130 од 3 480). За разлика од претходно, кога разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ беше помалку од 1 процентен поен, сега таа изнесува околу 1,4 отсто во корист на социјалдемократите.
Во исто време веќе се чини јасна и победата на ДУИ над коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Во проценти, сликата е следна:
- СДСМ – 36,15%
- ВМРО-ДПМНЕ – 34,73%
- ДУИ – 11,5%
- АА/А – 8,77%
- Левица – 3,95%
- ДПА – 1,46%
- Интегра – 1,34%