Раздвижено, со партиски членови и коалициски партнери, е доцна вечерва во прес-центарот на СДСМ во хотелот „Белви“.


Може да се почувствува славеничка атмосфера, која започна пред појавувањето на генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски на говорница.


За разлика од пред еден час, кога беше тивко и најраздвижени беа новинарските екипи, сега се присутни и голем број партиски членови кои скандираа „Победа“ и „Зоки“, алудирајќи на лидерот на СДСМ.
Негово обраќање е најавено за подоцна во ноќта.



Во прес-центарот можат да е забележат и сите коалициски партнери на СДСМ, како Горан Мисовски и Соња Мираковска од НСДП, Стојанче Ангелов од Достоинство, Љубе Бошковски од Обединети за Македонија и други.