Членови на ВМРО-ДПМНЕ, поддржувачи и симпатизери вечерва се собираат пред партиското седиште.


Кај дел од нив се забележителни партиските симболи, а некои го носат и знамето со сонцето од Вергина.


Не сите присутни носат заштитни маски и одржуваат дистанца, како што налагаат мерките за заштита од ковид-19.


Генералниот секретар на партијата Игор Јанушев пред околу 1 час одржа прес-конференција на која порача дека СДСМ ги очекува тежок пораз на изборите.