Шефот на изборниот штаб на ДУИ предмалку на прес-конференција соопшти дека партијата води со значителна предност во неколку поголеми места во кои доминантно живее албанско население.

Партиските резултати беа соопштени пред се помногубројното членство кое веќе почна да слави со музика.
„Според пристигнатите резултати, убедлива победа на ДУИ, почнувајќи со Тетово со голема разлика во секое гласачко место, во Сарај, во Чаир, во Липково, во Теарце, во Струга, во Дебар, во Битола, во Преспа, во Сопиште и каде уште не. Ќе излеземе многу бргу со резултати од другите избирачки места.
изјави Бујар Османи
Целата прес-конференција можете да ја погледнете во видеото подолу: