Првичните резултати што стигнуваат до мене покажуваат огромно водство на СДСМ и коалицијата, вели шефот на изборниот штаб на социјалдемократите, Љупчо Николовски.
Сепак, рече Николовски, рано е за резултати и нагласи дека нивните очекувања се тие да го покажат она што го покажале анкетите и расположението кај граѓаните во изминатиот период, односно поддршка за нивната коалиција.
„Очекувам сигурна победа и чист мандат за коалицијата ‘Можеме’. Победа на нашиот концепт“,
рече Николоски чие излагање неколкупати беше поздравувано од засега малобројните партиски членови и коалициски партнери во прес-центарот.
Изборниот ден СДСМ го оцени како демократски и професионално спроведен.
„Имавме мирен достоинствен и здравствено безбеден изборен ден, како што ѝ доликува на една демократска држава, членка на НАТО и иден преговарач со ЕУ… Уште еднаш потврдуваме дека нашите институции можат да се носат со предизвиците. На сите членови на избирачките одбори, на општинските изборни комисии, полицијата, здравствените работници им честитаме“,
рече Николоски.