Државната изборна комисија најавува дека очекува во 23 часот да бидат обработени „значителен“ дел од податоците
На редовната прес конфренција во 19.30 часот Државната изборна комисија соопшти дека одѕивот на парламентарните избори до 19 часот изнесува 45,7 отсто. Според портпаролот на институцијата Адмир Шабани, во апсолутни бројки, гласале 830 370 граѓани.
По изборни едници, излезноста е:
- ИЕ 1 – 47,4%
- ИЕ 2 – 43,4%
- ИЕ 3 – 51,5%
- ИЕ 4 – 53,2%
- ИЕ 5 – 44,8%
- ИЕ 6 – 35,4%
Како покарактеристични места со повисока излезнот Шабани ги истакна:
ИЕ 1
- Македонски Брод – 64,68%
- Сопише – 53,64%
ИЕ 2
- Бутел – 47,2%
- Ѓорче Петров – 47,56%
ИЕ 3
- Берово – 56,45%
- Лозово – 65,25%
- Ранковце – 60,37%
ИЕ 4
- Гевгелија – 62,17%
- Демир Капија – 62,31%
- Неготино – 62,98%
ИЕ 5
- Вевчани – 64,11%
- Кривогашатни – 63,1%
- Демир Хисар – 62,98%
ИЕ 6
- Брвенциа – 35,34%
- Јегунцевци – 40,52%
- Тетово – 40,93%
На новинарско прашање, дали има нови нерегуларности во изборниот процес, Шабани одговори- не.

„Сите пријави што беа до ДИК ги соопштивме на претходните прес-конференции. Од тој момент, нема пристигнати други пријави“,
изјави портпаролот на ДИК, Адмир Шабани
Засега е нејасно дали и за колку ќе биде продолжено гласањето во Липково каде на едно избирачко место имаше прекин во гласањето. Портпаролот на ДИК објасни дека крајната одлука ќе зависи од тоа колку долго траел прекинот.
Согласно одредбите од Изборниот законик доколку прекинот траел пократко од еден час гласачкото место ќе се затвори нормално, во 21 часот. Доколку прекинот траел повеќе од еден час а помалку од три часа тогаш се продолжува гласањето за толку време колку што траел прекинот. Во конкретниот случај нашите служби комуницираат за да го утврдат точниот тајминг на прекинот за да дадеме конкретни насоки за тоа колку да продолжи гласањето, во случај да траел прекинот повеќе од еден час а помалку од три часа.
изјави Шабани.
На новинарските прашања кога може да се очекуваат привичните резултатит, Шабани не даде прецизен одговор но кажа дека очекува до 23 часот да бидат обработени „значителен“ број на податоците.