Лажните вести поврзани со изборите не запираат на социјалните мрежи ниту за време на изборниот ден. Денеска на Твитер кружи информација дека починал Амди Бајрам, долгогодишен пратеник и лидер на политичка партија.

„360 степени“ стапи во контакт со Бајрам, кој ни кажа дека веќе неколкумина му се јавиле и го прашале за здравствената состојба.
„Во полно здравје сум, работам во Шуто Оризари“
изјави Бајрам за „360 степени“.
Вчера, пак, во дел од медиумите беше објавено дека Насер Зибери е позитивен на коронавирус, откако бил забележан во една од приватните болници каде се вршат тестирања за ковид-19. Во дел од написите, медиумите се повикуваа на потврда од партијата, а по неколку часа ваквата информација ја демантираше самиот Зибери.