Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот

Државното знаме од пред општинската зграда во Гостивар што беше отстрането од непознати лица е вратено, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Како што пренесуваат повеќе медиуми, од Општина Гостивар реагирале на информациите пренесени во јавноста за отстранување на државното знаме, посочувајќи дека знамињата пред општинската зграда и во центарот на градот се поставени и не се отстранети.
Од МВР информираа дека случајот бил пријавен вчера во Одделението за внатрешни работи Гостивар и оти полициските екипи извршиле увид и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
