Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“, емитувано на 26 ноември 2026 г. на МРТ 1
Во новото издание на емисијата:
– две меѓувладини конференции во еден ден – тоа е целта на ЕУ ако Собранието ги усвои уставните измени, вели евроамбасадорот Михалис Рокас; кои три документи треба да бидат готови за да се отвори кластерот „Темели“; И може ли ЕУ да спречи ново бугарско вето ако Скопје и Софија останат на различни позиции за историјата;
– од над 15 тони зелка, Славчо Велиновски од Добровница успеал да собере само 300 килограми – остатокот за три дена му го уништиле кравите што слободно се движат низ Кривопаланечко; градоначалникот ни покажа фотографии од угинат добиток близу до градскиот водовод – можна ли е и здравствена криза;
– во Пробиштип младите успеале во општинскиот акциски план да влезат и нивни барања – помош за курсеви по странски јазици и ослободување од фирмарина за оние што ќе отворат бизнис; но, ова е редок позитивен пример – зошто законот за млади не е спроведен ни до половина и шест години по носењето;
– „Саботажа“.
