Минималните температури ќе се движат во интервал од -8 до 0 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 6 до 12 степени
Ведро и студено утро со минусни температури насекаде во државата најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Во текот на денот облачноста постепено ќе се зголемува, а од крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови од земјава се очекуваат повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Минималните температури ќе се движат во интервал од -8 до 0 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 6 до 12 степени.
Времето во Скопје ќе биде сончево и постудено со мала до умерена облачност и слаб до умерен јужен ветер. Температурите ќе се движат од -2 до максимални 6 степени.
УХМР најавува дека од денеска до недела нè очекува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд кои главно ќе бидат умерени, а на места пообилни, со наврнати над 30 литри на квадратен метар за 24 часа. Поради пад на температурите, врнежите во текот на викендот се очекува да бидат од дожд и снег.
