Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време, а температурите ќе бидат во постепено опаѓање. Поради продор на постуден воздух од север, утре попладне на планините, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег
Променливо облачно време со сончеви периоди, најавуваат синоптичарите. Ќе дува умерен, а попладне наместа засилен ветер претежно од јужен правец. Од Управата за хидрометеоролошки рабти (УХМР) информираат дека во вечерните часови и во текот на ноќта, претежно во западните делови, ќе има повремени врнежи од дожд.
Минималната температура ќе се движи од -1 до 7 степени, додека максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

И во главниот град времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 15 степени.
„Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време, а температурите ќе бидат во постепено опаѓање. Поради продор на постуден воздух од север утре попладне на планините, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег“,
информира УХМР.
Според најавата од УХМР, во четврток и петок повторно ќе има врнежи од дожд.
