Револтираните жители бараат институциите да го решат долгогодишниот проблем со неконтролираното движење на добитокот, а протестот денеска ескалираше со турканица меѓу граѓаните и полицијата
На протестот присуствуваа и градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, како и пратениците Борислав Крмов од Левица и Љупчо Николовски од СДСМ
Денешниот протест на клучката кај мотелот „Македонија“, поради долгогодишниот проблем со неконтролираното движење на добиток низ Крива Паланка и околните населени места, помина тензично.
За време на протестот дошло до туркање меѓу дел од присутните и полицијата.

Засега не се познати причините за туркањето меѓу дел од граѓаните и полициските службеници.
Револтираните граѓани бараат од надлежните институции конечно да преземат конкретни мерки и да го решат проблемот со добитокот, кој предизвикува штети на земјоделските површини и приватните имоти, но претставува и опасност за безбедноста на луѓето и сообраќајот.
Според податоците од Агенцијата за храна и ветеринарство, досега се собрани 96 крави, додека градоначалникот Сашко Митовски проценува дека во кривопаланечкиот регион има уште околу 1 000 грла добиток.
Жителите бараат институциите да постапат по своите надлежности и да обезбедат трајно решение, наместо проблемот повторно да се актуализира по нови инциденти и штети.
На протестот присуствуваа и градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, како и пратениците Борислав Крмов од Левица и Љупчо Николовски од СДСМ.

