Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Од АМСМ потсетуваат дека од 15 ноември 2026 година е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временските услови. Обврската ќе трае до 15 март 2027 година
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, но коловозите се влажни, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Оттаму велат дека утрово во 7:15 часот, поради зголемен метеж на терминалот Блаце, товарниот сообраќај од граничниот премин „Блаце“ е пренасочен кон бензинската станица „Дизел“.
Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ потсетуваат дека од 15 ноември 2026 година е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временските услови. Обврската ќе трае до 15 март 2027 година.
Возачите се повикуваат да ја приспособат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да бидат внимателни, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои опасност од одрони.
Ова особено се однесува на делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.
Од 17 ноември, патниот правец Охрид-Ресен, преку Националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови возила.
