За случајот вчера информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, поздравувајќи ја акцијата на МВР и Обвинителството во чии рамки беше приведен вработениот во Дирекцијата под сомнение дека примал поткуп
Според ОЈО Скопје, тој директно побарал и примил 32 000 денари за да изврши службено дејствие, односно да даде согласност за елаборат кој не ги исполнувал условите за градба во делот на заштитата од пожари, експлозии и опасни материи
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје побара притвор за вработен во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), осомничен дека примил поткуп за да одобри елаборат што не ги исполнувал условите за градба во делот за заштита од пожари, експлозии и опасни материи.

Оттаму соопштија и дека е отворена истрага против него за кривично дело примање поткуп од член 357 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, кој работел во Одделението за издавање урбанистички согласности, бил овластен да потпишува, дава мислења и издава согласности за просторни и урбанистички планови и проекти, како и елаборати од областа на заштитата и спасувањето.
Според ОЈО Скопје, тој директно побарал и примил 32 000 денари за да изврши службено дејствие, односно да даде согласност за елаборат што не ги исполнувал условите за градба во делот на заштитата од пожари, експлозии и опасни материи.
Јавниот обвинител побарал притвор поради опасност од бегство, повторување на делото и можност осомничениот да влијае врз сведоци.
За случајот вчера информираше директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, поздравувајќи ја акцијата на МВР и Обвинителството во чии рамки беше приведен вработениот во Дирекцијата под сомнение дека примал поткуп.
Тој рече дека пред неколку дена од страна на граѓанин му било посочено дека од советник за урбанистичко планирање при ДЗС му биле побарани 500 евра за да добие позитивно мислење потребно за изградба на објект.
Директорот на ДЗС го упатил граѓанинот случајот да го пријави во Одделот за организиран криминал при МВР.
