„Сите се безбедни. Знаеме каде се сите авиони. Јавноста нема причина да се плаши“, рече тој

Секретарот за внатрешна безбедност на САД, Марквејн Малин, изјави дека ќе биде потребно време за да се реши проблемот што ги приземји сите летови во САД и предупреди дека сообраќајот нема брзо да се врати во нормала.
„Ќе потрае некое време. Нема да се реши во рок од еден час. Ќе биде потребно време“,
им рече Малин на новинарите во Белата куќа.
Тој потврди дека причината е прекин во телекомуникациите и дека Федералната администрација за авијација (FAA) ги забранила сите летови како мерка на претпазливост. Комуникацијата со авионите сè уште е во тек, а некои можат да слетаат.
„Сите се безбедни. Знаеме каде се сите авиони. Јавноста нема причина да се плаши“,
рече тој.
Малин нагласи дека нема индикации дека ова е злонамерен напад врз Соединетите Американски Држави.
„Ова не е уште еден 11 септември. Ова е прекин на телекомуникациските врски. Ова е нешто сосема друго“,
рече тој потсетувајќи на терористичките напади од 2001 година, кои исто така го запреа воздушниот сообраќај низ САД.
Тој додаде дека нема причина да се поврзат денешните проблеми со сегашното прекинување на услугите на „Мајкрософт“.
Кога беше прашан колку долго би можело да трае прекинот, тој рече дека официјалните лица сè уште не разговарале за конкретен временски рок. Непосреден приоритет е да се обноват комуникациите и да се овозможи безбедно слетување на сите авиони што сè уште се во воздух.
„Додека истражуваме што го предизвика ова – а со оглед на тоа колку кибер-напади се случуваат, секогаш мора да се тргне од таква претпоставка – сепак, во овој момент, тоа сѐ уште не е познато“,
рекол Малин.
Откако комуникациите беа воспоставени, овозможувајќи им на сите авиони во воздух да слетаат, Малин изјави дека ќе продолжат да работат за да се открие кој е коренот на проблемот.
„Во овој момент, не исклучуваме ништо“,
додаде Малин.
