На последниот ден од кампањата за парламентарните избори и официјално зариба машината за лажни вести во белиот дворец, велат од СДСМ како реакција на објавената аудио-снимка за Зоран Заев на која се споменува адвокатот Васил Димишков.
„Конечно, цела јавност гледа како звучи сечено-лепено. Во очаен обид да исценира некаков скандал во белиот дворец до толку се занеле во сечењето што на крајот заборавиле да го исечат она ‘Марш’ од претседателот Заев во разговорот. Од материјалот јасно се слуша и гледа дека Заев одбива мито, „јас велам МАРШ“ и влегува во борба со криминалот и корупцијата“,
велат од СДСМ.
Според нив, ова е уште една потврда на заложбите на Заев за градење силна правна држава и нулта толеранција за корупција.
„Тоа ќе се потврди и на 15 јули со нов силен пораз за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, последните бранители на криминалот и одговорност за секој што го прекршил законот!“,
велат од СДСМ.