Америнаскиот претседател изјави дека вчера лично разговарал со шефот на технолошкиот гинант, кој рекол дека воопшто не знае дека жената со која бил во романтична врска работи за кинеските служби
„Њујорк тајмс“ открива дека американскиот државен секретар Марко Рубио уште минатото лето испратил допис до високи претставници во Вашингтон, предупредувајќи дека првиот човек на „Нвидиа“ е во блиска врска со жена за која постојат сомневања дека е кинеска шпионка
Амриканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Федералното истражно биро (ФБИ) отворило истрага во врска со наводите за аферата меѓу првиот извршниот директор на „Нвидија“ (Nvidia), Џенсен Хуанг и наводна кинеска шпионка, пренесе Би-би-си.

Случајот, кој предизвика пад на вредноста на компанијата на светските берзи и го отвори прашањето за националната безбедност на Соединетите Американски Држави (САД), доаѓа во период кога технолошкиот гигант е во самиот врв на глобалната трка за развој на вештачката интелигенција (ВИ).
Трамп пред новинарите во Белата куќа изјави дека вчера лично разговарал со Хуанг, откако во јавноста се појавија информации дека првиот човек на „Нвидиа“ бил цел на кинеска шпионска операција.
„Го прашав директно: ’Дали имаше каква било претстава дека таа е шпионка?‘ Тој ми одговори: ’Немав никаква идеја дека е шпионка‘ и јас навистина му верувам“,
изјави Трамп.
Иако американскиот претседател потврди дека ФБИ го испитува случајот, тој не откри детали за тоа кога е започната истрагата ниту до каде е постапката. Од Федералното истражно биро не одговориле на барањето на британскиот национален сервис за коментар во врска со наводите на Трамп.
Допис на Марко Рубио до Вашингтон
Според извештајот на „Њујорк тајмс“, американските разузнавачки служби веруваат дека жената во центарот на скандалот е Алис Хуанг, позната и како Хуанг Ле), за која се претпоставува дека работела за официјален Пекинг. И покрај истото презиме Хуанг, таа нема роднинска поврзаност со Џенсен Хуанг.
Алис Хуанг наводно била извршна директорка на компанијата „Мегаспид“ (Megaspeed), со седиште во Сингапур, која имала деловни односи со „Нвидиа“.
„Њујорк тајмс“ открива дека американскиот државен секретар Марко Рубио уште минатото лето испратил допис до високи претставници во Вашингтон, предупредувајќи дека првиот човек на „Нвидиа“ е во блиска врска со жена за која постојат сомневања дека е кинеска шпионка.
Од Пекинг експресно ги отфрлија ваквите обвинувања. Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека тврдењата се „целосно неосновани, шпекулативни и насочени кон оцрнување на угледот на Кина“.
Пад вредноста на „Нвидиа“ на берзитев, тужба од акционери и независна истрага
Во меѓувреме, веста за аферата веднаш се одрази врз финансиските пазари. Вредноста на „Нвидиа“ во понеделникот (9 ноември) падна за околу 250 милијарди долари, откако цената на акциите се намали за повеќе од четири проценти.
Компанијата информира дека започнала независна истрага за случајот, при што оттаму уверуваат дека немаат причини да веруваат оти деловните тајни или националната безбедност на САД биле компромитирани.
Сепак, проблеми за Хуанг пристигнуваат и од правосудните органи. Во Калифорнија веќе е поднесена предлог- тужба од страна на акционерите на компанијата, кои ги обвинуваат Хуанг и „Нвидиа“ за измама. Во тужбата се наведува дека компанијата ја манипулирала јавноста и ги криела врските на Џенсен Хуанг со Алис Хуанг, за која информациите наведуваат дека обидувала да помогне во шверцување производи на „Нвидиа“ кон Кина.
Барање за сослушување во Конгресот
Џенсен Хуанг јавно призна дека бил во роматична врска со Алис Хуанг и упати извинување до својата сопруга и нивните деца за нанесената болка. Тој порача дека останува посветен на заштитата на компанијата и на американската национална безбедност.

Дополнително, до Хуанг е упатен повик за сослушување зад затворени врати пред повеќе конгресни комисии закажано за следната недела. Според официјалниот допис, сослушувањето треба да се фокусира врз „безбедносните протоколи на ’Нвидиа’ против шпионажа и контактите со Алис Хуанг која наводно бил врбувана од кинеските разузнавачки служби. Засега не е потврдено дали тој ќе се појави пред Конгресот.
Трамп, од своја страна, изрази оптимизам за конечниот исход за шефот на технолошкиот гигант.
„Мислам дека тој е чесен човек и сочувствувам со него, верувам дека многу страда во моментов. Се надевам дека нема да има поголеми проблеми“,
додаде претседателот на САД, напоменувајќи дека очекува оваа тема да биде дел од неговата следна средба со кинескиот лидер Си Ѓинпинг.
Зошто „Нвидиа“ е од клучно значање за Вашингтон
„Нвидија“, која Џенсен Хуанг ја основаше во 1993 година заедно со двајца инженери, изминатите години доживеа огромен подем — од производител на чипови за видеоигри до втора највредна компанија во светот (веднаш зад „Епл“) и апсолутен лидер во развојот на хардвер за вештачка интелигенција.
