„Станува збор за индивидуални куќи. Опожарен е кров на една двокатна куќа, од која што, поради близина на објектите, има зафатено делови од уште две куќи“, изјави командирот на ТППЕ Скопје и додаде дека пожарот е ставен под контрола
Неколку куќи во близина на Бит-пазар во Скопје попладнево биле зафатени од пожар. Според последните информации на командирот на скопската противпожарна бригада, Звонко Томески, пожарот е ставен под контрола, а причинета е единствено материјална штета.

„Станува збор за индивидуални куќи. Опожарен е кров на една двокатна куќа, од која што, поради близина на објектите, има зафатено делови од уште две куќи“,
вели Томески во изјава за МИА.
На гасење на пожарот интервенирале 22 пожарникари со девет противпожарни возила.
Висината на штетата во пожарот допрва ќе се утврдува.
