Демонстрантите ги нападнаа полицајците со камења, петарди и палки, додека полицијата одговори со водени топови
Албанската полиција интервенираше со водени топови за да ги растера луѓето од улиците на Тирана, по претходно регистрираните судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили, јавувааат албанските медиуми.
Судирите започнаа откако демонстрантите фрлаа камења, петарди и палки кон полицајците, кои создадоа кордон по должината на булеварот „Херои на нацијата“, во чија близина е зградата на Кабинетот на премиерот.
Станува збор за паралелни студентски и опозициски протести против владата на премиерот Еди Рама, со одредени несогласувања меѓу двете групи.
Првично, студентите се собраа пред Министерството за образование. Поддржувачите на Демократската партија пак, маршираа од Кабинетот на премиерот кон Министерството за образование, обидувајќи се да им се придружат на студентите.
Студентите го отфрлија нивното учество, велејќи дека нивниот протест е независен од политичките партии. Следеа вербални конфронтации пред ситуацијата да се смири и студентите да продолжат со протестот.
Протестите имаат заедничко барање за оставка на Рама, но студентското движење очигледно сака да ја задржи својата политичка независност. Протестот ескалираше пред Кабинетот на премиерот каде што дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата. Дел од медиумите јавуваат дека полицијата употребила и солзавец.
Поради полициската интервенција, демонстрантите го напуштија булеварот и се распрснаа во различни делови од главниот град. Полицијата ги повика демонстрантите да ја напуштаат областа.
Forcat e policisë dhe autobotët e ujit përparojnë drejt ministrisë së Brendshme – YouTube
