Инцидентот се случил вчера во Основен граѓански суд-Скопје, а пријавениот физички го нападнал Азманов и упатувал закани кон него и неговата адвокатка, соопшти МВР

Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека на осомничениот за нападот врз бизнисменот Зоран Азманов му е одземена патната исправа, изречена му е забрана за приближување до Азманов и има обврска да се јавува во судот.
Одлуката следува откако првично Азманов нападот го пријавил во полиција, а потоа, МВР соопшти дека поднело кривична пријава по брза постапка против Ѓ.С.(61) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „насилство “ и „загрозување на сигурноста“ по чл. 386 и чл.144 од Кривичниот законик.
Инцидентот се случил на 06.11 .2026 во Основен граѓански суд-Скопје, а пријавениот физички го нападнал З.А.(67) од Скопје и упатувал закани кон него и неговата адвокатка, соопшти МВР.
Мотивите за нападот се непознати.
Азманов e претседател на Надзорниот одбор и директор на градежната компанија „Настел“.
