Според Управата за хидрометеоролошки работи, стабилното време со сончеви периоди ќе се задржи до недела. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла
Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а по одделени котлини ќе има услови за појава на утринска магла, прогнозираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ветерот ќе биде слаб до умерен и ќе дува претежно од северен правец.

Утринската температура ќе се движи во интервал од нула до осум Целзиусови степени. Најниска дневна температура се очекува да биде измерена во Маврово – седум степени, додека најтопло во текот на денот ќе биде во Гевгелгија, каде се прогнозираат 18 Целзиусови степени.
Во Скопје, според синоптичарите, се очекува слична временска состојба. Ќе преовладува променливо облачно време со слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 17 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, стабилното време со сончеви периоди ќе се задржи до недела. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Од почетокот до средината на следната седмица ќе преовладува променливо време со услови за слаб локален дожд во текот на денот.

