Според неофицијални информации на порталот „Нова.рс“ во него наводно биле претседателот на Движењето на социјалистите, Александар Вулин, директорот на „Србијагас“ Душан Бајатовиќ и претседателот на Српската народна партија (СНП) Ненад Поповиќ
Во врска со враќањето на авионот, вечерва се огласи и „Ер Србија“. Оттаму, како што пренесе РТС, навеле дека авионот е вратен откако компанијата добила информации од надлежните аеродромски служби дека е потребно спроведување дополнителни безбедносни проверки во однос на еден патник
Авион на „Ер Србија“ кој во вторникот (3 ноември) полетал од аеродормот „Никола Тесла“ за Москва е вратен назад во Белград, наводно поради безбедносни причини поврзани со еден од патниците, јавуваат српските медиуми.

Авионот од типот „Ербас А320“, со број на лет ЈУ134, од белградскиот аеродром полетал во 18:48 часот, а барањето да се врати назад стигнало кога авионот стигнал до југот на Литванија. Тој веднаш бил пренасочен, и според пишувањето на медиумите, слетал во Белград нешто пред 22 часот.
Според неофицијални информации на порталот „Нова.рс“ во него наводно биле претседателот на Движењето на социјалистите, Александар Вулин, директорот на „Србијагас“ Душан Бајатовиќ и претседателот на Српската народна партија (СНП) Ненад Поповиќ.
Телевизијата Н1 објави замрзнати кадри од движењето на летот ЈУ134 на „Флајтрадар24“, наведувајќи дека тој вечерва бил најследениот на платформата што во реално време го прикажува авиосообраќајот во светот.
Според изворот на Нова.рс наредбата за враќање на авионот на „Ер Србија“ ја издал директорот за корпоративна безбедност на аеродромот „Никола Тесла“, Милан Куч.
Телевизиите Н1 и Нова.рс објавија дека претходно денеска претседателот на Демократската партија (ДС), Срѓан Миливојевиќ, на социјалната платформа Икс напишал:
„…И кој тоа вечерва со лет во 18:30 часот бега за Москва.“
Da li će lojalisti iz policije i Kobri, Repac, Zmirić i Đošić, otići u invalidsku penziju da bi radili kao privatno obezbeđenje Aleksandra Vučića? S obzirom na to da on ništa ne potpisuje u vezi plaćanja, ko će platiti ovo privatno obezbeđenje? I ko to veceras letom u 18 i 30 h bezi za Moskvu?
— Srđan Milivojević (@srdjanmil037) November 3, 2026
Од Н1 се обиделе да стапат во контакт со Вулин и Бајатовиќ, но тие биле недостапни.
„Нова.рс“ објави дека претседателот на Движењето на социјалисите, Александар Вулин, иако не ја поминал безбедносната проверка, тој сепак успеал да се качи во авионот, а според информациите до кои дошла телевизијата, некој наводно му помогнал.

Во врска со враќањето на авионот, вечерва се огласи и „Ер Србија“. Оттаму, како што пренесе РТС, навеле дека авионот е вратен откако компанијата добила информации од надлежните аеродромски служби дека е потребно спроведување дополнителни безбедносни проверки во однос на еден патник.
Во соопштението било наведено дека во согласност со примените упатства и сите важечки безбедносни прописи, „донесена е одлука авионот да се врати во Белград“, како и дека во таа насока, целосно биле спроведени сите потребни процедури.
„Екипажот на ‘Ер Србија’ постапи целосно во согласност со утврдените процедури и највисоките безбедносни стандарди“,
било наведено во соопштението.
Засега нема потврда за индентитетот на споменатите лица кои наводно биле во авионот.
