Минималните температури ќе се движат од 3 до 10 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 6 до 14 степени
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите локало ќе бидат пообилни, над 25 литри на квадратен метар. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој на места вдолж Повардарието повремено ќе засилува.

Минималните температури ќе се движат од 3 до 10 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 6 до 14 степени.
Времето во Скопје ќе биде облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 8 до максимални 12 степени.
Според најавата на УХМР, од утре времето ќе биде стабилно и суво со променлива облачност. Од петок облачноста ќе се намали, а во деновите од викендот се очекуваат постудени утра и температури кои на места ќе се спуштат под нулата.
