За време на конфликтот осомничениот 20-годишник му задал удар во глава на дете од спротивниот табор, кое се онесвестило и паднало на земја. Малолетникот се здобил со повреда на главата, по што бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
Основното јавно обвинителство Скопје побара, а Кривичниот суд прифати да му биде одреден 30-дневен притвор на 20-годишник кој е осомничен дека во саботата, за време на тепачката помеѓу навивачките групи на МЗТ и Работнички, пред спортската сала „Јане Сандански“ повредил малолетник од спротивниот табор.

Според информациите на ОЈО Скопје, за време на конфликтот осомничениот 20-годишник му задал удар во глава на дете од спротивниот табор, кое се онесвестило и паднало на земја. Малолетникот се здобил со повреда на главата, по што бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Против осомничениот е поведена постапка за кривично дело насилство и му е одреден притвор поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоци, како и да го повтори делото.
Тепачката помеѓу навивачките групи на кошаркарските клубови МЗТ и Работнички се случи во саботата околу 19 часот пред спортската сала „Јане Сандански“ во скопски Аеродром.
