
Аркин Јахији од „Националната алијанса за интеграција“, предводена од ДУИ, е победник во денешниот втор круг од вонредните избори за градоначалник во Општина Брвеница, дознава 360 степени од партиски извори.
Тој освоил околу 200-300 гласа повеќе од Стојанчо Радичевски од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Се очекува официјална потврда на овие податоци. Изборниот ден во Брвеница го одбележа зголемена излезенсот во однос на првиот круг.
