Според „Алфа рисрч“ (Дневник.бг), Јотова води пред Ѓуров со 9,1 процентен поен, а според „Мјара“ разликата е 6,5 процентни поени
Илијана Јотова има предност пред Андреј Ѓуров во вториот круг од претседателските избори во Бугарија, покажуваат излезните анкети на агенциите „Алфа рисрч“ и „Мјара“, објавени од Бугарската национална телевизија (БНТ), со податоци до 19 часот по бугарско време.

Според „Алфа рисрч“ (излезна анкета што во текот на денот ја објавува и Дневник.бг), Јотова има поддршка од 52,5 отсто, а Ѓуров од 43,4 отсто, што претставува разлика од 9,1 процентен поен.
Излезната анкета на „Мјара“ покажува помала разлика – 51,1 отсто за Јотова и 44,6 отсто за Ѓуров, односно предност од 6,5 процентни поени. Според оваа агенција, излезеноста до 19 часот изнесува 25,5 отсто.

Станува збор за анкетни процени, а не за официјални резултати од пребројувањето на гласовите.
