Излезеноста до 13 часот е за 7,31 процентен поен повисока во споредба со истиот временски период на првиот круг од изборите, одржан пред две недели

До 13 часот на изборите во Општина Брвеница гласале 4 518 гласачи, покажуваат податоците од Државната изборна комисија (ДИК). Тоа претставува 27,81 отсто од вкупниот број запишани гласачи. Во перидот од 11 до 13 часот, на гласачките места во Општина Брвеница, гласале нови 2 273 гласачи. Претходниот пресек на ДИК покажа дека до 11 часот гласале 2 245 гласачи.
Според податоците доставени до ДИК од сите 24 избирачки места, излезеноста до 13 часот е за 7,31 процентен поен повисока во споредба со истиот временски период на првиот круг од изборите, одржан пред две недели.
Во однос на заштитата на избирачкото право, до 13 часот до Комисијата бил поднесен еден приговор, кој бил усвоен, по што на гласачот му било овозможено да го оствари правото на глас.
