Правото на глас денеска го оствари и државниот обвинител Ненад Савески, кој порача дека ова е значаен демократски процес во кој јавнообвинителската фела одлучува за нов шеф на ОЈО ГОКК. Според него, сите пет кандидати се докажани професионалци
Вкупно 187 јавни обвинители денеска гласаат за нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Се гласа во републичкото обвинителство и во четирите виши обвинителства по апелациски подрачја во Скопје, Гостивар, Штип и во Битола.

Според избирачките одбори во скопските избирачки места, гласањето се одвива непречено.
Правото на глас денеска го оствари и државниот обвинител Ненад Савески, кој порача дека ова е значаен демократски процес во кој јавнообвинителската фела одлучува за нов шеф на ОЈО ГОКК.
„Се надевам дека направениот избор ќе биде јавен обвинител којшто ќе одговори доследно на задачите што стојат пред него и дека заедно ќе дадеме придонес пред сè кон јакнење на довербата и јасно покажување на борба против организираниот криминал и корупцијата“,
рече Савески.
Според него, сите пет кандидати се докажани професионалци.
„Кој и да биде избран нема да биде погрешен избор“,
рече тој.
