Од МВР информираат дека за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Ресен, по чии насоки возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот против приведената Е. Н. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик (КЗ) – безобѕирно управување со моторно возило
Дваесет и четиригодишна жителка на Ресенско вчера попладне била приведена откако била фатена од полицијата како управува возило со брзина од 142 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час.

Како што соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи, случајот е регистриран вчера околу 14:30 часот на регионалниот пат во близина на ресенското село Рајца, каде полициски службеници од Одделението за внатрешни работи (ОВР) Ресен, ја лишиле од слобода 24-годишната Е. Н. од селото Подмочани.
„При сообраќајна контрола со радар, полициските службеници констатирале дека таа управувала патничко возило ‘ауди’ со ресенски регистарски ознаки со брзина од 142 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 50 километри на час“,
се наведува во соопштението од МВР.
Оттаму додаваат дека за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Ресен, по чии насоки возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот против приведената Е. Н. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик (КЗ) – безобѕирно управување со моторно возило.
