Случајот е откриен при контрола на автобус што сообраќал на релација Истанбул – Гостивар. Откако патниците одговориле дека немаат стока за пријавување, царинските службеници извршиле детален преглед
Осомничениот, според доказите обезбедени во предистражната постапка, го купил накитот од златарска работилница во Истанбул, со намера нелегално да го внесе во земјава и да го продава во сопствената златарница
Царински службеници запленија златен накит во вредност од четири милиони денари на граничниот премин „Богородица“, информираа денеска од Царинската управа.

Златниот накит, како што велат оттаму, е пронајден скриен во перница за врат.
Случајот е откриен при контрола на автобус што сообраќал на релација Истанбул – Гостивар. Откако патниците одговориле дека немаат стока за пријавување, царинските службеници извршиле детален преглед.
Во соопштението од Царина се вели дека во перницата за врат што ја носел осомничениот се пронајдени 77 парчиња златен накит со вкупна тежина од 612 грама.
Против сопственик на златарница од Тетово е поднесена кривична пријава за криумчарење.
Според доказите обезбедени во предистражната постапка на Одделението за истраги, осомничениот го купил накитот од златарска работилница во Истанбул, со намера нелегално да го внесе во земјава и да го продава во сопствената златарница.
