Од партијата го поздравија изборниот резултат на кандидатот на Националната алијанса за интеграција (НАИ), истакнувајќи дека овој успех ја потврдува важноста на континуираниот ангажман за достоинствено претставување, локален развој и институции што ќе им служат на сите жители, без разлика на нивната припадност

Пласманот на Аркин Јахији во вториот круг од изборите за градоначалник на Општина Брвеница е доказ за силната поддршка од граѓаните, велат од Демократската унија за интеграција (ДУИ).
Од партијата го поздравија изборниот резултат на кандидатот на Националната алијанса за интеграција (НАИ), истакнувајќи дека овој успех ја потврдува важноста на континуираниот ангажман за достоинствено претставување, локален развој и институции што ќе им служат на сите жители, без разлика на нивната припадност.
Од ДУИ изразија благодарност до сите граѓани кои излегоа на гласање, а посебно до оние што ја поддржаа кандидатурата на Аркин Јахији.
„На Брвеница ѝ е потребна општина во која гласот на секој граѓанин ќе биде слушнат, во која инвестициите и услугите ќе се распределуваат рамноправно и во која соживотот ќе се гради врз основа на почитување и еднаквост“,
се наведува во соопштението од ДУИ.
Од партијата порачуваат дека остануваат целосно посветени, заедно со граѓаните, да продолжат со ангажманот за правична застапеност и подобра иднина за Брвеница.
На вчерашните предвремените локални избори во Општина Брвеница кандидатот на „Национална алијанса за интеграција“, предводена од ДУИ, Аркин Јахији, освои 2 152 гласа, а во вториот круг на 1 ноември противкандидат ќе му биде Стојанчо Радически од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кој имаше 2 943 гласа.
