Споредено со првиот круг на редовните локални избори во 2025 година, излезноста е зголемена за 1,48 проценти
Излезеноста на предвремените избори за градоначалник во Брвеница до 13 часот попладнево изнесува 20,50 отсто – покажуваат податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Во апсолутни бројки, до 13 часот своето право на глас го оствариле вкупно 3 331 гласач од 16 256 колку што се запишани во Избирачкиот список.

Споредено со првиот круг на редовните локални избори во 2025 година, излезноста е зголемена за 1,48 проценти.
„Според пресекот направен во 13 часот и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната – од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 3 331, или изразено во проценти 20,50 отсто“,
се вели во соопштението на ДИК.
Во однос на заштитата на личното избирачко право, од ДИК информираат дека до 13 часот се пристигнати шест приговори, од кои три се усвоени, а три приговори се одбиени како неосновани.
